
Украински хеликоптер собори руски дрон „Шахид“ во воздух, што покажува дека властите во Киев се прилагодуваат на новите начини на одбрана од беспилотни летала лансирани од Москва.
Екипажот на хеликоптерот Ми-8 успеа да го уништи „Шахидот“ во воздух користејќи ротирачки митралез М134 (Minigun) поставен на страната на леталото.
Повеќе од само снимка – нова тактика
Crazy 🚨: The crew-member of a Ukrainian helicopter shots down a Russian Shahed-136/Geran-2 long-range OWA-UAV with a side-mounted M134 Minigun rotary machine gun. pic.twitter.com/6Mxa6XNL6Q
— WarRoom Archives (@WarRoomArchives) November 13, 2025
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Во видеото што стана вирално, а беше објавено на социјалната мрежа X (Твитер), може да се види украински војник како испукува рафали од хеликоптер кон рускиот дрон, кој потоа почнува да чади и паѓа кон полето подолу. Оваа нова тактика доаѓа во време кога, според медиумите, Русија ги интензивираше нападите со беспилотни летала врз Украина.


