во

Безбедноста пред сè: Привршува темелната реконструкција на жичарницата на Водно, најави градоначалникот Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по извршениот теренски увид најави дека привршуваат работите за целосна обнова на жичарницата на Водно, нагласувајќи дека по години негрижа, безбедноста на граѓаните е ставена на прво место.

Наталожени проблеми и децениска негрижа

Жичарницата на Водно, која претставува едно од најомилените доживувања за скопјани и туристите, изминатиов период беше ставена вон функција поради констатирани сериозни недостатоци. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека проблемите се директна последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и занемарувањето на редовното одржување од страна на претходните градски раководства, што траело речиси една деценија.

Супер Попуст -25%

Тој потенцираше дека не смее да има никаков компромис кога е во прашање сигурноста на посетителите, поради што бил неопходен обемен и темелен зафат пред системот повторно да биде пуштен во употреба.

Реконструкција на кабините и најава за отворање

Во моментов интензивно се одвиваат зафатите за темелна реконструкција на кабините, а се чека и пристигнувањето на главниот мотор кој е испратен на специјализирано репарирање надвор од границите на државата.

Очекувањата се дека по завршувањето на овие градежни и машински зафати, како и по поминувањето на сите задолжителни безбедносни проверки, жичарницата ќе започне со работа веќе следниот месец.

„Жичарата е едно од омилените скопски доживувања… За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сè. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител.“ — објави Орце Ѓорѓиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џаред Кушнер и Стив Виткоф во Москва: Американските пратеници го убедуваат Путин да ја вклучи Европа во преговорите за Украина

Раст на туризмот: Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија во септември, странците убедливо побројни