
Македонскиот бренд „Бекутан“ официјално влегува на францускиот пазар преку „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем од 100 ml ќе се продава во речиси 2.000 продавници низ земјата.
Со ова, препознатливиот производ добива ново, значајно поглавје во својата меѓународна експанзија, откако со децении гради регионална доверба и стабилна позиција во категоријата бебешка нега. „Лидл“ го оценил кремот како производ со силен пазарен потенцијал, истакнувајќи ја формулацијата, традицијата и лидерството на брендот на регионалните пазари.
Соработка што го засилува интернационалниот раст
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Партнерството со „Лидл“ Франција се оценува како потврда за стратешката ориентација кон долгорочно и одржливо присуство на глобалните пазари. Освен во регионот, „Бекутан“ веќе е присутен и на дваесетина меѓународни пазари, меѓу кои САД, Германија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, Велика Британија, Полска, Малезија, Саудиска Арабија и ОАЕ.
Од 1978 до портфолио со над 60 производи
Брендот започнал во 1978 година со пет фармацевтски формулации, а денес има над 60 основни типови производи и повеќе од 100 пакувања. Производите се клинички и дерматолошки тестирани и развиени во соработка со педијатри, неонатолози и дерматолози.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








