
Студено утро во Македонија: Берово и Попова Шапка со минус температури, Шара под 66 сантиметри снег
Утрото во Македонија донесе ниски температури, а најстудено беше во Берово и на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен. Студено утро имаше и во Крива Паланка со 0 степени, додека во Маврови Анови биле измерени 1 степен, а во Лазарополе и Крушево 2 степени.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Во останатиот дел од земјата минималните температури се движеле од 4 степени во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, па сè до 9 степени во Демир Капија и Гевгелија.
Шара со најмногу снег
Во последните 24 часа најмногу врнежи се измерени на Попова Шапка – околу 4 литри на метар квадратен. Во Маврови Анови се измерени 3 литри, во Пожаране 2, а по 1 литар во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Берово.
На планината Шара има и најголема снежна покривка во земјава, која на Попова Шапка достигнува 66 сантиметри.
Променливо облачно време во текот на денот
Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне на повеќе места се очекува слаб локален дожд.
Во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, додека максималната температура во земјата ќе се движи од 11 до 16 степени.
Времето во Скопје
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне во делови од котлината е можен слаб дожд, а попладне се очекува постепено разведрување.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе достигне околу 15 степени.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








