
Рано утрово, точно во 06:40 часот, селото Брвеница беше разбудено од сирени и специјалци на СВР Тетово кои извршија масовна рација и уапсија пет лица поради поседување на дрога, оружје и голема сума на кеш.
Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија извршиле синхронизирани претреси во повеќе куќи и помошни простории, постапувајќи по судска наредба. Уапсени се жителите на Брвеница со иницијали И.Ј., С.З., Д.П., Д.П. и С.З., на возраст од 36 до 69 години.
Арсенал оружје и „бел прав“
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Она што го пронашла полицијата наликува на мал воен магацин. Кај осомничените се откриени куршуми за автоматска пушка (калибар 7.62), пиштоли без дозвола, рамки со муниција, како и паковки со бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од дрога.
Покрај илегалното оружје, одземени се и легален ловен карабин и пушка, кои сега ќе бидат предмет на вештачење.
Пронајдени списоци на должници и 30.000 евра
Особено интригантен е пронајдокот кај 65-годишниот Д.П. Полицијата запленила два списоци и тетратка со имиња на лица, што упатува на евиденција за долгови или дилерска мрежа.
Покрај евиденцијата, во кеш биле пронајдени и одземени околу 31.640 евра, 3.400 швајцарски франци и 56.500 денари, за кои се сомнева дека потекнуваат од криминални активности. Против петмината ќе бидат поднесени пријави по членовите 215 и 396 од Кривичниот законик.


