
Венко Филипче го отвори ‘Пандориното сандаче’: СДСМ најавува „Бомби 2.0“ и ја повикува Лаура Ковеши во Македонија
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најави жестока и бескомпромисна борба против корупцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи нов политички фронт кој ветува дека ќе ја размрда македонската јавност. Филипче откри формирање на специјален антикорупциски тим во рамки на партијата, кој ќе го води проектот симболично наречен „Бомби 2.0“, алудирајќи на времето кога Зоран Заев ја разобличи власта на Никола Груевски.
СДСМ ја повикува „челичната дама“ на Европа, Лаура Ковеши
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Најзвучната најава од прес-конференцијата беше повикот упатен до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, лично да дојде во Македонија и да го истражи скандалот со суспензијата на ИПАРД програмата. Филипче тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е вмешана во „најголемата проневера на европски пари во Македонија“, тешка 130 милиони евра, и дека домашните институции се под притисок да го заштитат криминалот.
„Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ за да си играат со судбината на Македонија и со европските фондови“, дециден беше Филипче, барајќи меѓународна истрага за случајот со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, кој заврши во притвор.
Антикорупциски тим и италијанско искуство против „мафијата“
СДСМ формира нов тим од правни и финансиски експерти, наречен „Нова сила“, чија единствена задача ќе биде да „копа“ по скандали и коруптивни шеми на власта. Филипче најави и нова онлајн платформа каде граѓаните ќе можат анонимно да пријавуваат корупција и да прикачуваат докази. Интересно, тој откри дека партијата ќе побара помош и од италијанските антикорупциски институции, користејќи го нивното искуство во борбата против Коза Ностра.
„Како тие што се справија со Коза Ностра, можеме и ние тука да се справиме со оваа мафија на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Филипче. Тој го заврши своето обраќање со бомбастична најава: „Утре следува нов скандал, нова корупциска шема. За сè имаме докази, имаме ‘Бомби 2.0’. Борбата продолжува“.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







