во

ВМРО-ДПМНЕ: За кубење коса четири години затвор, а за модуларната и Ласкарци правдата е невидлива

Правосудството во Македонија функционира со двојни аршини – драконски казни за ситни прекршоци, додека за тешките криминали и трагедии нема одговорност, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи кон партиските инсталации на СДСМ и ДУИ.

Апсурдите на судскиот систем

Од владејачката партија реагираат на нееднаквоста пред законите, споредувајќи ги казните за обичните граѓани со неказнивоста на политичките моќници. „Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Супер Попуст -25%

Спротивно на ова, како што додаваат, кога станува збор за дела со смртни последици и милионски криминали во кои постојат сомнежи дека се вклучени лица блиски до Венко Филипче, Зоран Заев и Али Ахмети, одговорноста целосно изостанува. Како најеклатантни примери ги посочуваат случајот „Ласкарци“ каде што загинаа 16 луѓе, пожарот во модуларната болница во Тетово каде што живи изгореа 14 сограѓани, како и случајот „Мазут“ тежок дури 167 милиони евра.

Крај на времето на недопирливите

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите двојни стандарди целосно ја урнале довербата на граѓаните во правната држава, бидејќи постапките против моќните поединци поврзани со претходната власт свесно се одолговлекуваат. Правдата, децидни се од партијата, не смее да има партиска книшка, ниту судството смее да биде заштитен бастион за поединци.

„Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде достапна за сите граѓани.“

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марта Кос со јасна порака: Уставните измени се услов за европскиот пат на Северна Македонија

Срамно видео го тресе интернетот: Излезе од „порше“ и фрли ѓубре директно во Лепенец