
Според партијата, модуларните болници биле поставени спротивно на низа предупредувања. Поконкретно за трагичниот случај во Тетово, каде во пожар загинаа 14 лица, тогашниот економски директор Артан Етеми до последен момент одбивал да ја прими болницата во употреба, за подоцна да биде осуден на затворска казна. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Катастарот одбивал да ги запише објектите бидејќи биле набавени како обични стоки и немало извештај од надзор, а со сомнежи се огласила и Светската банка.
Институционални предупредувања и кршење на законите
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Ниту општините, ниту Министерството за транспорт и врски не можеле да издадат соодветни одобренија бидејќи целосно биле прекршени одредбите од Законот за градење. И покрај тоа што сите стручни лица и институции се противеле и предупредувале на опасностите, Филипче сепак пресекол болниците да бидат поставени.
„Сите институционални и стручни предупредувања беа тука. Сите се противеле, но Филипче сè уште одлучи модуларните болници да бидат поставени. Предметот со години стоеше во фиока за на крај Филипче да биде спасен од кривична одговорност.“
Обвинувања кон правосудството и Ислам Абази
Од владејачката партија истакнуваат дека ваквите судски епилози се јасен доказ за начинот на кој функционираат поранешните партиски инсталации во правосудниот систем. Тие тврдат дека шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, пред своето заминување само ја доработувал задачата за која бил поставен во времето на СДС и ДУИ, служејќи им на политичките моќници до последен момент.


