
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса, од утре до крајот на оваа недела времето ќе биде стабилно, суво и сончево.
Ќе има појава на мала до умерена локална облачност и ќе биде претежно тивко. Наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето, со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата. Поради ова, на повеќе места во Македонија се очекува појава на утрински мраз и на слана.

