во ,

Детали за грабежот на векот: Како исчезнаа 8.000 дијаманти од најпознатиот музеј

Нови детали за „грабежот на векот“: Од Лувр украдени дијаманти вредни 88 милиони евра за помалку од 4 минути

Француската полиција откри шокантни податоци за спектакуларниот грабеж што се случи во музејот Лувр. Истрагата покажа дека исчезнале повеќе од 8.000 дијаманти, 200 бисери, како и десетици сафири и смарагди, чија вкупна вредност се проценува на вртоглави 88 милиони евра. Акцијата била изведена филмски – крадците влегле во познатата „Галерија Аполон“ во 09:24 часот наутро, користејќи брусалица за да го скршат прозорецот.

Крадците уапсени преку ДНК, но од богатството нема ни трага

Супер Попуст -25%

Целиот грабеж траел помалку од четири минути. Осомничените побегнале со скутери, оставајќи зад себе камион кој се обиделе да го запалат. Сепак, полицијата успеала да идентификува и уапси четворица мажи на возраст меѓу 30 и 40 години благодарение на ДНК траги пронајдени на опремата. Иако сторителите се зад решетки, украдениот накит сè уште не е пронајден и истражителите стравуваат дека скапоцените камења се веќе препродадени или демонтирани.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зонски ефект: Облаци од шрапнели дизајнирани да ја „ослепат“ мрежата Старлинк

Враќање на „Белиот лебед“: Русија добива два нови нуклеарни бомбардери до крајот на годината