во

Дипломатски скандал: МНР остро реагира на бегството на Ива Михаилова и нејзиниот прием во Софија

Министерството за надворешни работи остро реагира на бегството на Ива Михаилова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, оценувајќи го ваквото постапување како директно подривање на довербата и добрососедските односи.

Двојното државјанство не е заштита од законите

Во официјалното соопштение, македонското МНР нагласува дека приемот на лице против кое се води активна судска постапка испраќа крајно погрешна порака. Според Министерството, националната припадност и поседувањето бугарски пасош во ниту еден случај не смеат да послужат како институционална заштита од одговорност пред надлежните судови.

Супер Попуст -25%

Од Бугарија, како земја-членка на Европската Унија, се очекува доследно почитување на основните европски принципи, кои вклучуваат:

  • Почитување на судските постапки
  • Соработка меѓу надлежните институции
  • Еднаквост на сите граѓани пред законот, независно од нивната национална припадност

 

Случајот ќе биде пријавен во ЕУ и Советот на Европа

Министерството најави дека за најновиот развој на настаните официјално ќе ги информира меѓународните партнери, со посебен фокус на институциите на Европската Унија и Советот на Европа. Во соопштението се потенцира дека ваквите преседани директно ја нарушуваат билатералната доверба и отвораат сериозни прашања за тоа колку Софија ги почитува заедничките европски вредности.

„Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи, засновани врз меѓусебно почитување, доверба и европски принципи. Истата одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. Почитувањето на правдата не е прашање на политички избор, туку основна европска обврска“, децидни се од македонското МНР.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мобилниот тим „Task Force“ во акција: Уапсени две лица кај Делчево за поседување дрога

Еколошка некултура на Галичица: Фрлени два огромни душека покрај патот за Велестово