во

ЖЕСТОКА РЕТОРИКА: Трамп сака да го присвои Ормускиот Теснец, Техеран му порача да признае пораз!

Американскиот претседател Доналд Трамп со шокантна најава дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД, предизвика жестока реакција од Техеран. Иранските власти остро ги отфрлија неговите тврдења, порачувајќи дека протокот цврсто останува под нивна контрола.

Во најновата ескалација на реториката меѓу Вашингтон и Техеран, иранските власти му порачаа на Трамп дека САД треба да го признаат поразот, наместо да кројат планови за присвојување на стратешки важниот воден пат.

Трамп призна прекумерна употреба на војската

Супер Попуст -25%

Од друга страна, американскиот претседател во своето обраќање призна дека ја користел американската војска „малку повеќе отколку што сакал“. Сепак, тој и покрај тоа, повторно истакна дека воената операција на САД во регионот се одвива добро.

Медијаторите без конкретен резултат

Истовремено, Исламската Република јасно стави до знаење дека сè уште нема донесено конечна одлука за тоа дали ќе продолжи со разговорите со Вашингтон. Според властите во Техеран, пораките кои повремено се испраќаат преку меѓународните медијатори – Пакистан и Катар, во никој случај не претставуваат официјални преговори за деескалација на конфликтот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АНГЕЛОВ СРЕДЕ ПЕПЕЛИШТЕ: „Внимавајте, доволна е само една искра за вистинска катастрофа!“

УЖАС ВО ТЕТОВО: Притвор за татко кој се заканувал дека ќе ги запали сопругата и ќерката!