во

Збогум лето: Уживајте во денешните 32 степена, од утре следува потоп и драстичен пад на температурите

Денешниот ден е вашата последна шанса да уживате во високите летни температури. Синоптичарите најавуваат остар метеоролошки пресврт – по денешните 32 степена, од утре ни следуваат поројни дождови, грмежи и значително заладување.

Последно уживање на 32 степена

Времето денеска ќе биде променливо облачно, но со чести сончеви периоди. Претежно во северните и источните делови од земјава постојат услови за слаб, локален дожд. Утринските температури се движеа од 8 до 15 степени, додека дневниот максимум ќе достигне летни 32 степена, проследени со слаб до умерен југоисточен ветер.

Супер Попуст -25%

Слично ќе биде и во Скопје, каде живата во термометарот ќе се искачи до 32-от поделок. Скопјани ги очекува променлива облачност со сончеви интервали, но и услови за слаб локален дожд во попладневните часови.

Потоп од недела, есен од вторник

Но, оваа релативно стабилна и топла слика нема да трае долго. Веќе од утре не очекува сериозна дестабилизација на временските прилики.

„Се очекуваат повремени врнежи и нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во понеделник, иако ќе бидат со нешто послаб интензитет“, најавуваат метеоролозите.

Вистинскиот есенски шок, сепак, пристигнува во вторник. Тогаш се очекува стабилизирање на времето, но и драстичен пад на температурите за неколку степени, предизвикан од силен продор на постуден воздух од север. Подгответе ги чадорите и потоплите јакни – есента и официјално ја презема контролата.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ранобудниот Вучиќ се јави од Украина: Гради карпатски патишта за да го чува мирот во Србија

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19 СЕПТЕМВРИ: Близнаците под итно да се скротат, вакви Риби не сме виделе