во

Зошто 95% од луѓето повторно се дебелеат? Нутриционист открива 5 златни правила за слабеење

Според податоците на престижната Клиника Кливленд, дури 80 до 95 отсто од луѓето кои биле на диета повторно ги враќаат изгубените килограми. Откако ќе ослабете, телото одговара со хормонални и метаболички промени кои го зголемуваат чувството на глад.

Не комплицирајте и заборавете на совршенството

Многумина го комплицираат слабеењето обидувајќи се да постигнат совршенство, наместо да бидат доследни во неколку едноставни навики. Лиценцираниот нутриционист, д-р Кезија Џој, објаснува дека строгите правила и исфрлањето на одредени намирници прават процесот на слабеење да изгледа како несовладлива задача.

Супер Попуст -25%

Добрата вест е дека процесот може да се поедностави. Клучот е да се фокусирате на основните принципи секој ден, наместо да следите модерни и рестриктивни диети кои се тешки за одржување на долг рок.

Протеини, влакна и мал калориски дефицит

Еден од вашите главни цели треба да биде внесувањето доволно протеини и влакна во секој оброк. Тие ви помагаат подолго да се чувствувате сити, го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за нездрави ужинки во текот на денот.

„Наместо строго и драстично ограничување на калориите, создадете мал калориски дефицит. Кога внесувате само малку помалку од она што му е потребно на вашето тело, тоа ќе го поттикне слабеењето, но истовремено ќе го заштити метаболизмот и ќе го потисне чувството на глад“, советува д-р Џој.

Движење и конзистентност

Редовното вежбање е клучно за задржување на линијата. Развијте режим кој вклучува секојдневни активности (како пешачење и качување по скали) и рутина за вежбање, што помага во губењето на мастите додека се чува мускулната маса.

Најчестата грешка што ја прават луѓето е очекувањето на инстантни резултати и недостатокот на конзистентност, особено за време на викендите. Здравото слабеење е патување кое бара време, труд и трпение, а едноставните правила функционираат само ако се применуваат постојано.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сите ќе се грабаат за последното парче: Рецепт за неодолив тортиља ролат со пршута и крем сирење

Чини малку, а е вистинско богатство: Намирницата што го подмладува мозокот и ја обновува крвната слика