
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температури до 16 степени.
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа и повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје слично време
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Најава за дожд и снег од утре
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре (вторник) до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, кога на повисоките планини ќе има и услови за снег. Во следните два дена ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој кон крајот на неделата ќе го промени правецот во северен.


