во ,

Крај на работата „на црно“ за сезонцерите: Пензионери и студенти легално на нива и во кафеана

Револуција на пазарот на труд: Од 1 јануари 2026 пензионерите и студентите легално во сезонска работа

Од почетокот на наредната година (01.01.2026), во Македонија започнува примената на долгонајавуваниот Закон за работно ангажирање лица. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, го оцени ова законско решение како „револуционерно“ бидејќи за првпат овозможува флексибилно ангажирање на специфични категории граѓани без тие да ги загубат своите стекнати права. Главната цел на законот е директен удар врз сивата економија и легализирање на работата „на црно“, која е особено присутна во сезонските дејности.

Кој ќе има корист и во кои сектори?

Супер Попуст -25%

Законот ги опфаќа следните категории граѓани, кои сега ќе можат да остварат дополнителен приход без страв од губење на статусот:

  • Пензионери: Ќе можат да работат без да им биде укината или намалена пензијата.
  • Студенти: Го задржуваат студентскиот статус и правото на стипендии.
  • Невработени лица: Не ги губат социјалните бенефити и помош додека се ангажирани сезонски.
  • Самовработени: Можат да остварат дополнителна заработка.

Ангажманот е ограничен на три клучни сектори каде потребата за сезонски работници е најголема: земјоделство, угостителство и услужни дејности.

Како ќе функционира? Пријава преку мобилна апликација

За да се поедностави процедурата и да се избегне бирократијата, државата воведува мобилна апликација. Работодавачите ќе можат во реално време, електронски да ги пријавуваат и одјавуваат работниците (на пример, ден за ден). Законот предвидува временски ограничувања за да се спречи злоупотреба: ангажманот може да трае од 120 до 180 дена годишно (во зависност од дејноста) или максимално до 15 дена во текот на еден месец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Албанија станува „тврдина“ на Балканот: Отворени врати за 20 нови мигрантски центри

„Чистка“ на Бит Пазар: Запленет арсенал од 7.100 петарди и огномети