
Познатиот албански бизнисмен Едмонд Хика (43), познат и како Монди Мехала, е брутално ликвидиран вечерва во Елбасан со истрели во главата.
Според официјалните полициски извештаи, телото на Хика е пронајдено околу 20:35 часот во неговиот автомобил, паркиран непосредно до неговата бензинска пумпа „Xhaxhi Oil“. Се претпоставува дека во атентатот учествувале двајца напаѓачи кои го чекале да излезе од канцеларијата и испукале два или три куршуми директно во главата на жртвата во моментот кога влегувал во возилото.
Потресни сцени: Жена врескајќи трча кон телото
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од местото на злосторството, каде се гледаат силни полициски сили, но и потресен момент кога жена, најверојатно блиска на жртвата, врескајќи и во агонија трча кон автомобилот во кој се наоѓа убиениот бизнисмен. Според првичните информации, егзекуторите избегале во непознат правец со црн автомобил марка „Ауди“.
„Интересно минато“ и блокада на градот
Полицијата веднаш поставила контролни пунктови на сите излези од Елбасан и формирала специјален истражен тим. Иако мотивот сè уште не е официјално потврден, медиумите потсетуваат на „интересното минато“ на Мехала, кој претходно бил евидентиран во полиција за недозволено поседување оружје и наводна поврзаност со дистрибуција на наркотици, што упатува на можна пресметка во криминалните кругови.


