
„Главниот непријател на мирот е тој што зборува за него“: Жестоки критики за Макрон по средбата со Зеленски
Лидерот на француската опозициска партија „Патриоти“, Флоријан Филипо, упати остри и директни обвинувања кон претседателот Емануел Макрон, нарекувајќи го „главен противник на мирот“ во контекст на војната во Украина. Реагирајќи на платформата „Икс“ веднаш по вчерашната средба на Макрон со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Филипо оцени дека официјалната политика на Париз е полна со контрадикции и лицемерие. Тој тврди дека и покрај јавните декларации за „работа на мирот“, постапките на францускиот претседател во реалноста водат кон продолжување и ескалација на крвопролевањето.
„Да сакаше мир, ќе го запреше оружјето и парите за Киев“
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Според Филипо, формулата за мир е едноставна, но Макрон одбива да ја примени. „Доколку францускиот претседател навистина сакаше мир, веднаш би ги запрел испораките на оружје и финансиската поддршка за Киев“, напиша тој. Опозиционерот особено го исмеа ставот на Макрон кој изјави дека „одбива да му држи лекции на Зеленски за корупцијата“, алудирајќи дека францускиот претседател намерно ги игнорира внатрешните проблеми на Украина за да ја оправда континуираната воена помош која, според критичарите, само го одложува неизбежното и го прави мирот недостижен.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








