
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на 7 и 8 јули ќе оствари работна посета на Париз.
Оваа посета се случува во рамки на интензивирањето на билатералната соработка. И во рамките на продлабочувањето на партнерството со Франција. Посетата е во контекст на европската интеграција на Македонија.
Продлабочување на партнерството со Франција
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Во рамките на посетата, предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република. Меѓу нив е и средбата со министерот делегиран за Европа при француското МНР, Бенжамен Хадад. Тој ќе се сретне и со генералниот секретар за европски работи, Емануел Пуизе-Жовен.
Министерот ќе оствари средби и со раководството на „Expertise France“ и на Француската агенција за развој (AFD). Предвидена е и средба со претставници на реномираниот институт „Жак Делор“.
Цел: Техничка и финансиска поддршка за реформите
Работната посета има за цел унапредување на институционалната соработка. Исто така, и размена на добри европски практики. Клучната цел е мобилизирање на техничка и финансиска поддршка за реформската и интегративна агенда на Македонија.


