во ,

МНР АКТИВИРА КРИЗЕН ШТАБ: 24-часовна поддршка за граѓаните

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формира кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата на Блискиот Исток и обезбедува поддршка за македонските државјани

Од Министерството информираат дека штабoт функционира 24 часа дневно и е достапен за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција. Активирањето доаѓа по ескалацијата на конфликтот во регионот, по нападите на САД и Израел врз Иран и последователните одмазднички удари.

Апел за претпазливост

Супер Попуст -25%

Надлежните институции повторно апелираат до македонските државјани во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања и строго да се придржуваат до безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненеопходни патувања кон земјите од регионот сè до стабилизирање на состојбата.

Контакти за помош

Во случај на потреба од дополнителни информации или итна асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]

Министерството најавува дека навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни информации и понатамошни насоки.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТИ БЛЕСНАА ВО ЉУБЉАНА: Две бронзи на олимпијадата по ВИ

МУЦУНСКИ СО ЈАСНА ПОРАКА: Стоиме зад САД во справувањето со заканите