
Ескалација во Црното Море: Погоден трет брод за неколку дена, Ердоган предупредува дека нападите врз цивилни пловила се „неприфатливи“
Напнатоста во водите на Црното Море достигнува точка на вриење откако трговскиот брод „Мидволга-2“, кој пловел под руско знаме и пренесувал сончогледово масло од Русија кон Грузија, пријави дека бил нападнат на околу 130 километри од турското крајбрежје. Според извештаите на телевизискиот канал НТВ, нападот бил извршен со украински камикази-дрон. Иако бродот не побарал итна помош и продолжил кон турското пристаниште Синоп, овој инцидент доаѓа само неколку дена откако украински поморски дронови ги погодија танкерите „Каирос“ и „Вират“, кои пловеа под знамето на Гамбија и се сметаат за дел од т.н. „тајна флота на Путин“ за транспорт на санкционирана нафта.
Турција испрати пораки до Киев, Русија го зазеде Покровск
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро реагираше, оценувајќи ги нападите врз цивилни бродови како неприфатливи и нагласи дека Турција, како членка на НАТО, мора да одржува баланс меѓу завојуваните страни. Турските поморски власти потврдија дека „потребните пораки се пренесени до сите страни, вклучително и до украинските власти“. Овие поморски диверзии се случуваат паралелно со жестоките борби на копно, каде Русија денеска објави дека целосно го зазела стратешкиот рударски град Покровск, додека Киев најавува засилување на офанзивата врз руската нафтена индустрија како економски контраудар.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








