
По пожарот што го крена црниот чад над Скопје, обвинителството го заокружи предметот со обвинение што може да отвори сериозни прашања за контролата на опасниот отпад
Во Основното јавно обвинителство Скопје е поднесено обвинение против три физички лица и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природа со отпад“ од член 230 од Кривичниот законик. Според наводите од истрагата, во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад на катастарска парцела во Визбегово, без соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Опасен отпад без дозвола, па пожар што не можел да се стави под контрола
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Во обвинението се наведува дека отпадот содржел супстанции со својства на експлозивност, запаливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност. На 09.07.2025 на локацијата избувнал пожар кој, поради обемот и опасноста, не можел брзо да се стави под контрола, при што согорел дел од непрописно складираниот материјал.
Мерењата потврдиле загадување, а предметот ја истакнува и потенцијалната опасност по здравјето
Пожарот, според соопштението, предизвикал масовно испуштање црн чад и значително загадување на воздухот, што било потврдено со мерења од Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана при АРМ. Обвинителството наведува дека последицата од незаконитото постапување е создадена потенцијална опасност за животот и здравјето на луѓето.
Во делот за одговорност, истрагата утврдила дека една сопственичка и управителка на обвинетото правно лице, заедно со второобвинетиот, со умисла ги преземале незаконитите дејствија, при што второобвинетиот имал „особен придонес“ во работењето. Дополнително, обвинение по чл.230 ст.6 е поднесено и против уште една сопственичка на друштвото и на парцелата, за која се наведува дека не била свесна за можноста од штетна последица, иако според околностите била должна и можела да биде свесна.


