во

Остри реакции од владејачката партија: ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори предмет против СДС и Венко Филипче за ширење паника околу Алта банка

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение упати строг апел до Јавното обвинителство итно да отвори предмет по допрен глас и да ги истражи јавните настапи и обвинувања на СДС и нејзиниот лидер Венко Филипче поврзани со актуелната состојба со Алта банка.

Барање за одговорност и проверка по член 315 од Кривичниот законик

Според владејачката партија, опозицискиот СДС со своите редовни прес-конференции и неофицијални тврдења намерно создава лажна паника, ја вознемирува јавноста и ја поткопува довербата на граѓаните во целокупниот банкарски и финансиски систем на државата заради ситни политички поени. ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството темелно да провери дали во дејствијата на опозицијата постојат елементи на кривичното дело саботажа согласно член 315 од Кривичниот законик, особено по нивните настапи пред Народната банка.

Супер Попуст -25%

Во соопштението партијата потсетува и на низа претходни политички соочувања кои ја одбележаа јавната сцена, нагласувајќи дека финансиската сигурност и стабилноста на граѓаните не смеат да бидат алатка за дневнополитички пресметки.

Прашања до обвинителството и апел за владеење на правото

Владејачката партија децидна е дека молкот на институциите повеќе не е опција, поставувајќи го прашањето дали секој може неказнето да пласира тврдења кои direktno им штетат на граѓаните и финансиските институции.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Обвинителството мора да постапува исклучиво согласно со законите и да спречи какви било обиди за политички манипулации кои можат да предизвикаат економски последици.

„Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање: дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции?“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Црвена линија за ЗНАМ: Максим Димитриевски се закани со излегување од Владата доколку правосудниот испит се полага на албански јазик

Монструозен чин во Гостивар: 60-годишен маж ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да проси и ѝ ги земал парите