
Правото на вето како пречка за европскиот процес
Во изјава за емисијата „Надворешна” на Македонската радио-телевизија (МРТ), Папандреу се осврна на новиот документ на Комисијата за проширување. Како еден од клучните автори на историската Солунска агенда од 2003 година – кога ЕУ за првпат се обврза за европската иднина на регионот – тој испрати јасна порака дека не смее да им се дозволи на земјите-членки правото на вето да го користат против самиот европски процес.
Повик за проактивен Брисел
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Папандреу смета дека Унијата мора да излезе од своите строги бирократски рамки и да преземе улога на активен олеснувач не само во спорот меѓу Скопје и Софија, туку и за другите отворени прашања на Балканот, како оние меѓу Косово и Србија, како и ситуацијата во Босна и Херцеговина. Според него, игнорирањето на овие проблеми може да резултира со нивно внесување во внатрешноста на самата ЕУ.
„Европа мора да има не само позитивен поглед, туку и да биде поактивна и да се труди да ги реши сите овие прашања. И тоа не само легалистички, туку директно да се вклучи и да ги земе предвид сите приоритети и грижи и на постојните членки и на кандидатите“, дециден е Папандреу.

