во

Подгответе се за пообилни врнежи: Денеска облачно и дождливо, од утре стабилизација на времето

Македонија денеска е под влијание на влажна воздушна маса која носи облачно и дождливо време, но метеоролозите веќе од утре најавуваат стабилизација и суви денови проследени со пониски утрински температури.

Пообилни врнежи и северен ветер

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот се очекува врнежите постепено да престанат. Ваквите временски услови ќе бидат придружени со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Супер Попуст -25%

Минималните температури во државата се движат во интервалот од 6 до 10 степени, додека максималната дневна температура нема да надмине 14 степени Целзиусови. Во главниот град Скопје, времето ќе биде слично – облачно со повремен дожд со слаб до умерен интензитет и температури од 8 до 12 степени.

Стабилизација од утре, студени утра за викендот

По денешните врнежи, синоптичарите најавуваат позитивна промена. Од утре и во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со променлива дневна облачност. По одделни котлини постојат услови за појава на утринска магла, што е карактеристично за овој период од годината.

„Од петок облачноста значително ќе се намали, а за време на викендот граѓаните треба да се подготват за постудени утра. Минималните температури на одредени места низ државата се очекува да се спуштат и под нула степени“, информираат од УХМР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рокенролот никогаш нема да умре: Данчо Пајдаков дебитира со моќната авторска песна „Кајмак“!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 НОЕМВРИ: Овенот подобро расположен, Шкорпијата преоптоварена, а за Близнаците пристигнува помош