
Меѓу дванаесетте најголеми христијански празници, Голема Богородица ужива посебен култ и почит меѓу македонскиот народ, кој традиционално го празнува со големи народни собири, панаѓури и свечености. Денеска својот именден го празнуваат голем број верници кои ги носта имињата Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана и други.
Народни верувања, обичаи и заштита на леунките
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Според традиционалните верувања, Пресвета Богородица се смета за заштитничка на леунките, мајките и жените кои се соочуваат со предизвици при породувањето. Многу жени што немаат деца со длабока вера ги посетуваат нејзините цркви, се молат, принесуваат дарови и изведуваат посебни обичаи со надеж дека ќе добијат рожба со нејзината милост.
„По раѓањето на Исус, Богородица живеела уште 48 години, сведочејќи на клучните настани за развојот на христијанската црква, останувајќи симбол на вечна жртва, мајчинство и духовна утеха.“


