
Чешкиот претседател Петер Павел упати шокантен и досега најрадикален повик до НАТО алијансата за воведување на брутални мерки против Кремљ. Во интервју за престижниот „Гардијан“, тој побара „одлучни и асиметрични“ одговори на континуираните провокации на Русија. Павел алармира дека Москва развила опасна стратегија со која со години балансира на самиот раб на војна. Нивните акции го достигнуваат прагот на Членот 5 за колективна одбрана, но намерно остануваат веднаш под него за да избегнат директен судир. Воениот притисок на источното крило веќе не може да се решава со празни дипломатски соопштенија.
Интернет мрак и соборување авиони: Јазикот на силата кој Москва единствено го разбира
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Поранешниот прв човек на Воениот комитет на НАТО предложи пакет мерки кои би значеле целосна изолација на руската држава. Меѓу најрадикалните чекори е прекинувањето на врската на Русија со глобалниот интернет и бркање на нивните банки од сите меѓународни системи. Дополнително, чешкиот лидер бара итно и без компромис да се соборува секој руски авион кој ќе го наруши воздушниот простор на НАТО. Павел е дециден дека убавите зборови веќе немаат никаква тежина на меѓународната сцена. Русија не разбира дипломатија, туку го познава и го почитува единствено јазикот на суровата сила. Тоталната економска блокада е единствениот начин за запирање на Путин.
Критики до Вашингтон и Европа: Чекањето сигнали од Америка ја охрабрува Москва
Пензионираниот генерал не го сокри своето длабоко разочарување од однесувањето на западните сојузници. Тој упати директни критики за недостатокот на решителност од страна на Соединетите Американски Држави. Иако вешто ги избегна директните прозивки кон претседателот Доналд Трамп, јасно е дека пасивноста на Вашингтон ја охрабрува Москва за нови ескалации. Павел остро ги нападна и европските земји кои не успеале да развијат своја независна стратегија за одбрана. Наместо силен и обединет став, Европа кукавички чека наредби и сигнали од Америка. Липсата на реакција според него, е најголемата покана за нова војна, став кој го дели и полскиот премиер Доналд Туск.
Условот за укинување на санкциите е јасен: Мировни преговори по правилата на НАТО
Павел призна дека најдобриот момент за задавање на клучниот удар против Москва е веќе пропуштен минатата година. Сепак, тој смета дека сегашната ситуација сè уште остава простор за притисок преку „санкции од последен избор“. Западот е подготвен да седне на маса и да разговара за европската безбедност, но условот за укинување на црните листи е дециден. Русија мора веднаш да прогласи прекин на огнот и да влезе во реални мировни преговори за Украина. Дотогаш, НАТО мора да ја покаже својата моќ на терен. Крајот на руската агресија не смее да биде предмет на политички пазарења зад грбот на Киев.


