
Според партиското соопштение на социјалдемократите, скандалозно е да се организираат прослави во град каде што, како што велат, над 5.000 граѓани биле отруени, а надлежните институции потфрлиле во менаџирањето на кризата.
„Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата“, јавно прашуваат од СДСМ.
Одмор во ек на епидемија
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Од СДСМ го обвинуваат премиерот Мицкоски дека нема „ниту трошка морал и е без срам“, потсетувајќи на неговите ветувања дека Гостивар нема да биде заборавен од централната власт.
- Според опозицијата, сите надлежни заминале на одмор во средина на труењето и епидемијата, бидејќи „научно-образовната екскурзија не можела да чека“.
- „Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи“, се додава во реакцијата.
Од партијата заклучуваат дека ветувањето оти Гостивар нема да биде заборавен важи само пред избори. „Ветија дека нема да заборават – па заборавија штом се отвори патниот аранжман. Гостивар не заборава. Граѓаните не забораваат“, порачаа од СДСМ, критикувајќи го односот на актуелната власт кон здравјето и безбедноста на граѓаните.


