
Копија на Вучиќ и контрола на медиумското небо
Во своето партиско соопштение, СДСМ ја обвинува владејачката структура дека користи, како што велат, фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век, целосно копирајќи го политичкиот модел на српскиот претседател Александар Вучиќ. Од опозицијата тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ преку „ВМРО-Орбан мрежата“ веќе контролира 40 отсто од медиумите, а сега со засилување преку „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ добиена од Вучиќ, планираат да го преземат најголемиот дел од медиумското небо во Македонија со единствена цел – да го убедат народот дека тие се новата „елита“.
Тендер-патриоти и игнорирање на реалните проблеми
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Опозицијата обвинува дека државата се третира како приватна сопственост на тесна група луѓе кои уживаат во луксуз на сметка на граѓаните. СДСМ ги нарекува претставниците на власта „тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми“, потенцирајќи дека дури и политичката промоција им ја изработува бугарска компанија.
„Граѓаните не се талог. Граѓаните се сопственици на оваа држава. А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата.“
Според СДСМ, криминалната екипа дошла на власт исклучиво со лаги пласирани преку нивните медиуми, додека во реалноста целосно ги игнорираат ветувањата за повисока минимална плата, мерките против скапотијата и реформите. Опозицијата посочува и на опасен тренд на славење на воениот злосторник Ратко Младиќ во земја со кревка меѓуетничка кохезија.
Изолација за избегнување на европската правда
Во соопштението се нагласува дека изолацијата на земјата од Европската Унија е намерна стратегија за да може власта непречено да ги ограбува државните ресурси, бидејќи, како што велат, Европа носи независно судство и европско обвинителство. СДСМ заклучува дека на оваа владејачка елита местото ѝ е во затворите Шутка и Идризово, порачувајќи дека по враќањето на власта во рацете на граѓаните, оваа структура сигурно ќе одговара пред правдата: „Еден побегна. Овие нема да побегнат“.


