
Вистинска бебешка радост ја зафати Скопската зоолошка градина откако живеалиштето на приматите стана побогато за два нови члена од видот џуџести мармозети, кои официјално се сметаат за најмалите мајмуни во светот.
Овие егзотични новороденчиња се вистинско чудо на природата. Во моментов тежат најмногу до 100 грама, поради што се исклучително тешко забележливи со голо око за посетителите. Од ЗОО Скопје објаснуваат дека бебињата се неразделни од својата мајка и постојано се држат за нејзиниот грб, што е карактеристично за овој вид.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
„Грижата за малите не е оставена само на мајката. Кај џуџестите мармозети целата група активно учествува во одгледувањето и заштитата на потомството, што е фасцинантен пример за социјална поврзаност“, велат од градината.

Најубав подарок за 100-годишниот јубилеј
Оваа принова има посебна симболика бидејќи доаѓа токму во годината кога институцијата слави еден век постоење. Во октомври далечната 1926 година, визионерот и биолог Станко Караман ја поставил основата на Зоолошката градина во Градскиот парк.
Неговата идеја за современ простор за едукација и хуман однос кон животните живее и денес, а раѓањето на ретките мармозети е доказ дека скопската ЗОО продолжува успешно да ја исполнува својата мисија за зачувување на биолошката разновидност.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








