
Сојузниците на Украина веќе ветиле околу 35 милијарди долари воена помош за 2026, додека НАТО преку програмата ПУРЛ се обидува да ја забрза испораката на оружје за Киев
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека земји-членки на алијансата ветиле стотици милиони долари за поддршка на иницијативата Приоритетна листа на потреби на Украина (ПУРЛ), која треба да овозможи побрза испорака на оружје. Тој им се заблагодари на Велика Британија, Исланд, Норвешка, Шведска и Литванија, нагласувајќи дека очекува да следат и други ангажмани.
35 милијарди долари за 2026, Британија ја соопшти рамката
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Британскиот министер за одбрана Џон Хили посочи дека сојузниците на Украина веќе имаат ветено околу 35 милијарди долари воена помош за 2026. Според него, во оваа сума влегуваат и нови билатерални обврски и претходни ветувања од сојузничките земји, меѓу кои и 11,5 милијарди евра што претходно ги најавила Германија.
Писториус нуди системи за ПВО, бара пакет од сојузниците
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Берлин е подготвен да испорача пет нови системи за воздушна одбрана за Украина, но под услов другите сојузници да обезбедат уште најмалку триесет. Тој изрази „сериозен оптимизам“ дека ќе се постигне договор околу оваа распределба.
Во истиот контекст, украинскиот министер за одбрана Михајло Фјодоров оцени дека „Русите не можат да победат на терен“ и затоа фокусот го префрлаат на напади врз критичната инфраструктура на Украина


