
Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука во корист на затвореник кој тврдел дека бил тепан во КПД „Идризово“, при што Владата признала повреда на неговите права
Предметот „Фитим Муслиу против Северна Македонија“ се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осуденик бил физички нападнат од затворски службеник пред кантината. По инцидентот, биле поднесени кривични пријави за мачење, малтретирање и дискриминација, но тие биле отфрлени од надлежните обвинителства.
Повреда на член 3 од Конвенцијата
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Апликантот пред Судот се повикал на повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права, кој забранува тортура и нечовечко или понижувачко постапување. Во унилатерална декларација, државата признала дека имало повреда на правата, но Судот нагласил дека тоа не ја ослободува од обврската да спроведе ефективна истрага.
Системски проблеми во затворите
Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет посочуваат дека одлуката ги потврдува долгогодишните структурни недостатоци во затворскиот систем. Според нив, државата има позитивна обврска да ја заштити физичката благосостојба на лицата лишени од слобода и да обезбеди навремено санкционирање на одговорните.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








