
Ладен воздушен бран од истокот на Европа
Територијата на Македонија во деновите кои следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Во ваква ситуација ќе имаме ладно време со појава на утрински минуси и појава на мразеви.
Викенд со зголемена облачност и слаби врнежи
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Викендов ќе имаме зголемена облачност со локални слаби врнежи кои во пониските места (градовите) ќе бидат од дожд и од снег, а на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат само од снег.
За Водици мраз и снег во јужните предели
За Богојавление Водици на 19 јануари ќе има услови за слабо провејување на снег во јужните предели од Македонија. Наутро температурите на овој празничен ден ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, прогнозира Славчо Попоски.
Од среда врнежи од снег
Од среда се очекуваат врнежи претежно од снег на повисоките места, додека во пониските предели ќе има комбинација од дожд и снег.


