во

Тешка дискриминација во скопска ИТ-компанија: Вработен со аутизам со години малтретиран, па избркан од работа

Голема скопска ИТ-компанија со години дискриминирала и вознемирувала вработен со аутизам, а откако тој поднел претставка, фирмата му го ограничила пристапот до работните ресурси и му врачила отказ, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Години на психолошко насилство и игнорирање од раководството

Вработениот, кој има аутизам од прв степен, од 2021 година бил изложен на постојано вербално и психолошко насилство од колегите, кое вклучувало исмевање, понижување, озборување и закани. Во еден од инцидентите, колешка му се заканила со физичко насилство, а во друга ситуација слушнал како го нарекуваат „ненормален“. Иако тој тврди дека со години ги пријавувал овие инциденти кај работодавачот, компанијата не успеала да обезбеди безбедна работна средина.

Супер Попуст -25%

Во 2025 година, раководството го одбило предлогот да се организира едукативна обука за аутизам и невродивергентност за вработените, дури и откако лицето понудило самото да ги покрие трошоците. Наместо тоа, од него било побарано да се приспособи на средината и колку што може да го прикрива својот аутизам, со предупредување да не биде премногу упорен со поплаките за да не го налути генералниот директор.

Виктимизација и отказ под изговор на „реорганизација“

Компанијата пред Комисијата ги отфрлила обвинувањата, тврдејќи дека не знаела за неговиот аутизам и дека немало писмени пријави за вознемирување. Меѓутоа, вработениот доставил докази за поднесени поплаки уште од 2022 година. По поднесувањето на официјалната претставка во јануари, работодавачот возвратил со виктимизација – прво му бил ограничен пристапот до ресурсите, а во март добил отказ.

„Работодавачот го оправдал отказот со реорганизација и со укинување на работното место поради оптимизација на работењето. Сепак, податоците од Агенцијата за вработување потврдија дека отказ добил единствено подносителот на претставката. Комисијата утврди тешка дискриминација врз основа на претпоставена здравствена состојба и виктимизација“, се наведува во одлуката на КСЗД, при што идентитетите на компанијата и вработениот остануваат заштитени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Семејно насилство во Скопје: 27-годишник уапсен откако ги нападнал родителите и сестрата

Тешка сообраќајна несреќа кај Барселона: Автобус и автомобил излетаа во провалија, над 80 повредени