
Очите вперени во Собранието: Сиљановска Давкова денеска со годишно обраќање пред пратениците
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, точно напладне ќе се обрати пред народните избраници во рамки на 77-та седница. Се очекува таа да направи пресек на актуелните случувања, но и да ги исцрта контурите за внатрешната и надворешната политика во наредната година, со посебен акцент на состојбата во економијата.
Второ обраќање на првата жена претседател
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Ова е второ годишно обраќање на Сиљановска Давкова откако ја презеде функцијата во мај 2024 година, запишувајќи се во историјата како прва жена шеф на македонската држава. Јавноста со внимание ќе ги следи нејзините пораки и визијата за предизвиците што ја очекуваат Македонија во 2026 година.


