во ,

Трамп го означи Мадрид како „губитник“, Европа во нова кавга со Вашингтон

Тензиите меѓу САД и дел од европските сојузници добија нова ескалација, откако претседателот Доналд Трамп јавно ја нападна Шпанија и го критикуваше Обединетото Кралство. Во телефонско интервју за „Њујорк пост“, Трамп порача дека „има многу победници“, но дека Шпанија е „губитник“, а од Лондон добил однесување што го „разочарало многу“.

Супер Попуст -25%

Со ваквиот настап, Трамп ја заострува реториката кон европските партнери во момент кога војната со Иран ја крева тензијата и во рамки на НАТО, но и околу практичната логистика за користење воени бази и воздушен простор. Американскиот претседател тврди дека Мадрид е „многу непријателски настроен кон НАТО“ и дека не го плаќа „својот дел“ во рамки на одбранбените обврски.

„Не се тимски играч“, порача Трамп за Шпанија

Трамп во изјавата ја поврза Шпанија со дебатата за издвојувањата за одбрана, обвинувајќи ја дека е единствената што гласала против обврската за 5% од БДП. Со тоа, американскиот лидер имплицира дека Вашингтон не планира „да биде тимски играч“ со земја што, според него, не игра по правилата на алијансата.

Изјавите доаѓаат само денови откако се појавија контрадикторни тврдења за тоа дали Шпанија ќе попушти околу користењето на базите во јужниот дел од земјата за американски активности поврзани со операциите против Иран. Додека од Белата куќа се слушна дека има „соработка“, официјален Мадрид јавно негираше дека ставот е променет.

„Не е Винстон Черчил“, удар и по Стармер

На удар се најде и британскиот премиер Кир Стармер. Трамп потврди дека е незадоволен од, како што го опиша, „настапот“ на Стармер во контекст на американско-израелските напади врз Иран. На прашање за наводите дека приватно го нарекол Стармер „губитник“, Трамп одговори со саркастична споредба: „Па, не е Винстон Черчил“.

Клучниот фокус на американската критика е одлуката на Лондон да не дозволи, барем иницијално, слободно користење на британските бази за операциите поврзани со бомбардирањата. Трамп тврди дека сојуз како САД–Обединето Кралство подразбира автоматска поддршка „без прашање или двоумење“, особено во момент кога Пентагон бара логистичка стабилност и брзина.

Ваквата реторика носи дополнителен притисок во НАТО, каде што формално важи принципот на колективна солидарност, но политичките пораки и личните односи меѓу лидерите често ја одредуваат реалната температура. Во услови на регионална војна и чувствителна европска јавност, изјавите на Трамп ја засилуваат дилемата: дали алијансата ќе се држи до дисциплина и единство, или ќе влезе во нов круг на меѓусебни обвинувања и пазарење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Азербејџан ја подигна војската, Алиев со жестока порака по нападот

Зеленски експлодираше, „адреса“ за блокадата на 90 милијарди евра