во ,

Трамп најави договор за Гренланд: Рамка со НАТО за арктичка безбедност

Доналд Трамп најави дека е „доста напреднат“ договор што треба да го затвори спорот околу Гренланд и да спречи продлабочување на трансатлантските тензии.

Според неговите зборови, САД се откажуваат и од царините за Европа, како и од идејата за целосно преземање на Гренланд, но остануваат фокусирани на долгорочна рамка што ги опфаќа безбедноста, минералите и пошироките стратешки интереси во Арктикот.

Рамковен план со НАТО за Арктикот

Супер Попуст -25%

Трамп посочи дека со НАТО е развиен рамковен план за арктичката безбедност, со детали што сè уште се финализираат и треба да бидат објавени наскоро. Акцентот, според најавата, е на поставување механизам што ќе донесе „национална и меѓународна безбедност“ и ќе ги позиционира земјите во алијансата во „подобра позиција“ на долг рок.

Руте: Фокусот е на заштита, не на статус

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговорите со Трамп биле насочени кон тоа како алијансата колективно може да придонесе за заштита на арктичкиот регион, вклучително и Гренланд, при што нагласи дека „има многу работа“ за да се покријат потребите на копно, море и воздух.

Данска ја поздравува промената на реториката

Од Данска позитивно ја оценија променетата реторика и пораката дека Гренланд нема да се „земе со сила“. Шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, порача дека се отвора простор прашањето да се врати во рамка на тивка дипломатија, наместо јавни пресметки пред камери и на социјални мрежи.

Што се разгледува: Бази и можни измени на договорот од 1951

Иако нема многу конкретни детали, како можен компромис се спомнува дека Данска и НАТО би соработувале со САД за изградба на повеќе американски воени бази на Гренланд. Во игра, според наводите, се и потенцијални измени на договорот од 1951 година што го формализирал американското воено присуство на островот, додека во Брисел се одржува вонреден самит на ЕУ за усогласување ставови по променетиот пристап на Вашингтон.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Свлечиште во Нов Зеланд: Камп кај Mount Maunganui затрупан, меѓу исчезнатите и деца

Скелет во подрум во Брисел: Потврден идентитетот на исчезнат Македонец од 2003 година