во ,

ТРАМП СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ИРАН: „Подобро да не возвраќате“

Доналд Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел, заканувајќи се со силен одговор

Американскиот претседател преку платформата Truth Social порача дека доколку Техеран одлучи да изврши нови напади, Вашингтон ќе возврати „со сила што никогаш претходно не е видена“. Тој нагласи дека Иран најавил силен удар, но додаде дека „подобро да не го прават тоа“.

Ескалација по воздушните удари

Супер Попуст -25%

Претходните напади беа насочени кон клучни локации поврзани со иранското раководство. Израелската војска соопшти дека во операцијата биле елиминирани високи функционери, додека од Техеран сè уште нема целосна и независна потврда за сите наведени информации.

Според извештаите, нападите предизвикаа одмазднички удари врз Израел и американски позиции во регионот, што дополнително ја зголеми тензијата на Блискиот Исток.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ВОДНО: Советот за безбедност ќе расправа за кризата

ДРОНОВИ НАД ДУБАИ: Ирански напад во зоната Џебел Али, има повредени