во ,

Филипче со тешки обвинувања: Власта ја турка Македонија во прегратките на српскиот свет и носи сомнителен капитал

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, денеска од собраниската говорница упати жестока канонада кон владејачкото мнозинство, обвинувајќи дека државата тоне во изолација и дека власта свесно отвора врати за сомнителен капитал од Србија.

На настанот посветен на евроинтеграциите, Филипче предупреди дека „антиевропските манири“ на Владата станале секојдневие. Тој посебно се осврна на влошувањето на односите со соседите, потенцирајќи дека популистичките потези кон Грција и непримерните изјави кон Бугарија не се патриотизам, туку опасен курс кој ја оддалечува Македонија од Брисел.

„Српски свет“ и сомнителни пари

Супер Попуст -25%

Филипче отвори и сериозно економско-политичко прашање, цитирајќи го Извештајот на Европскиот парламент за влијанието на странскиот фактор.

„Не го кажувам јас ‘српскиот свет’, тоа го нотира Европа. Не може да се дозволува без контрола да се носи капитал којшто бил одбиен од ЕУ. Се поставува прашањето зошто се отвораат врати на таков сомнителен капитал во земјава“, праша Филипче, алудирајќи на блиските врски на власта со северниот сосед.

Лажни реформи и вина кај другите

Првиот човек на социјалдемократите ја критикуваше власта и за новиот систем за влез во ЕУ, сметајќи дека наместо да се преземе одговорност, се шири антиевропски наратив по принципот „учителката не мрази“. Тој посочи дека законите за енергетика и за Судскиот совет се носат про-форма, без суштинско почитување на европските препораки.

На крајот, Филипче истакна интересен парадокс – според анкетите, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ сакаат во ЕУ, но според него, премиерот Христијан Мицкоски не е во таа група на луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Обвинителството отвори предмет по шокантните тврдења на Жан Митрев дека власта сакала насилно да му ја одземе болницата

Мицкоски со директен напад: Синдикалните лидери се заробени од политички амбиции и работат за туѓи интереси