
Времето денеска (вторник, 23 декември) започнува со променлива облачност и утринска магла по котлините, но попладнето носи влажен бран.
Според УХМР, кон крајот на денот и во текот на ноќта започнуваат локални врнежи од дожд. На планините дождот ќе премине во снег. Температурите денеска се движат од -3 до 3 (утрински) и од 5 до 12 степени (дневни).
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Во Скопје претпладнево е тивко и магливо. Врнежите од дожд во главниот град се очекуваат во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне 7 степени.
Што нè чека утре и задутре?
Среда и четврток ќе бидат најврнежливите денови:
Обилни врнежи: На места ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен.
Снег: Поради спуштање на студен воздух од север, дождот ќе премине во снег и на некои повисоки населени места (не само на врвовите).
Снежна покривка: На планините се очекува слој од 5 до 10 сантиметри.
Стабилизирање на времето се очекува дури од петок.


