во

Шок од Апелација: Боки 13 целосно ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“!

Апелациониот суд во Скопје донесе шокантна одлука со која Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, е целосно ослободен од обвиненијата за измама и перење пари во мега-скандалот „Меѓународен сојуз“.

Второстепениот суд целосно ја преиначи првостепената пресуда, ослободувајќи го Јовановски и останатите обвинети. Според Апелација, од изведените докази воопшто не се докажало дека обвинетите имале однапред формирана измамничка намера кога преговарале со бизнисмените за изградба на старски домови.

Деловен ризик, а не криминал

Супер Попуст -25%

Судот заклучи дека за спорните проекти биле преземени реални подготвителни активности, изработена е документација и биле склучени договори со кои оштетените биле целосно запознаени. Самото неисполнување на договорните обврски, според судиите, не значи постоење на кривично дело, туку претставува класичен деловен и инвестициски ризик. Исто така, Апелација смета дека не се докажани ниту делата за перење пари.

„По седум години, денеска сум ослободен од сите обвиненија и огласен сум за невин! Падна правната кривотворевина, односно обвинението на Вилма Рускоска и срамната првостепена пресуда. Ова е победа над злото!“

Сите обвинети на слобода

Покрај Јовановски, Апелација ги ослободи и другите инволвирани во случајот, вклучувајќи ги Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и таткото на Бојан. Со оваа одлука паѓа во вода тезата на Обвинителството дека со парите од бизнисмените, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, се финансирала телевизијата „1ТВ“ и се купувале лични предмети. Јовановски веќе е на слобода, откако претходно излезе од затвор и за случајот „Рекет“ поради намалување на казната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандал на „Никола Тесла“: Вулин се протнал без проверка, авионот за Москва итно вратен во Белград!

Ракометните херои во мисија за живот: Пешевски го продава својот дрес за спас на Стефан!