
Трагедија што го потресе светот на алпинизмот: Искусен планинар ја оставил партнерката да смрзне на Гросглокнер, обвинет за убиство од небрежност
Највисокиот врв во Австрија, Гросглокнер (3.798 м), стана место на ужасна трагедија откако 33-годишна жена од Салцбург почина од смрзнување на само 50 метри под врвот. Истрагата покажа морничави детали: нејзиниот партнер (36), кој важел за искусен алпинист и организатор на турата, ја оставил сама и исцрпена во услови на екстремен студ и ветер со брзина од 75 км/ч, кои планината ја претвориле во „замрзната стапица“. Тој заминал да бара помош, оставајќи ја сама цели 6 и пол часа, период во кој таа ја изгубила битката со животот.
„Неизолирана и дезориентирана“: Низа фатални грешки и задоцнета реакција
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Австриското обвинителство поднесе обвинение за убиство од крајна небрежност. Според истражителите, парот направил низа катастрофални грешки: тргнале два часа подоцна од планираното и без соодветна опрема за итни случаи. Најшокантен е деталoт дека обвинетиот видел хеликоптер како ја пребарува областа околу 22:50 часот, но не дал никаков сигнал. Спасувачите биле алармирани дури во 03:30 часот по полноќ, а поради невремето хеликоптерот стигнал дури утредента во 10 часот, кога можел само да ја констатира смртта на жената која била оставена „неизолирана, дезориентирана и без заштита“.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







