
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го најави можниот излез на улица на неговите симпатизери, поради случајот со поранешниот министер Крешник Бектеши, кој е предмет на истрага за издавање лиценца за дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што неодамна избувна смртоносен пожар.
„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, изјави тој за ТВ24, обвинувајќи за политички прогон и барајќи неселективна правда.
Неговата изјава веднаш предизвика реакција од коалицијата Вреди/Влен, која испрати порака дека улицата припаѓа на народот, а не на милионерите кои се плашат од вистинската правда.
„Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега, кога системот што си го изгради за себе се руши, Ахмети плаче за улицата оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста!“, велат од коалицијата.
Опозицијата постави и серија прашања кон Ахмети: каде бил кога Албанци биле нарекувани терористи и затворани, кога се монтирале случаи како Монструм и Сопот, кога во Бродец и Диво Насеље се пролеала албанска крв за политички цели?
„ДУИ денес се обидува да се претстави како жртва – но она што навистина ги плаши е правдата и гласот на народот“, заклучуваат од Вреди.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








