во

ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата: СДСМ молчеше кога пропаѓаше Еуростандард банка, а денес глуми загриженост

Лицемерието на СДСМ и Венко Филипче повторно излегува на површина, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, споредувајќи ја нивната денешна наводна загриженост за Алта банка со молкот при пропаѓањето на Еуростандард банка.

Скандалот со Еуростандард и повлечените средства

Од владејачката партија прашуваат каде биле Филипче и СДСМ кога граѓаните и штедачите претрпеа огромни штети од затворањето на Еуростандард банка. Тие потсетуваат на бројните сомнежи за кредитирање на фирми блиски до тогашното раководство на СДСМ и Зоран Заев, потенцирајќи ги двојните аршини на опозицијата.

Супер Попуст -25%

Посебен акцент во реакцијата се става на потегот на тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска. „Граѓаните знаат дека неколку дена пред да пропадне банката, Ангеловска си повлече од неа 250 илјади евра. Познат е и начинот на кој беше одземена дозволата за работа, без претходно да биде воведена друга форма на администрација“, велат од партијата.

Институционално постапување наспроти политички манипулации

Според ВМРО-ДПМНЕ, денешните настапи на СДСМ звучат премногу лицемерно, бидејќи банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за меѓупартиски пресметки.

„Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави нивниот начин на владеење. Двојните аршини на СДС нема да поминат“, се заклучува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нападнат трговски брод кај Оман: Еден загинат и 13 спасени индиски државјани

СДСМ со остри критики: Славески тврди дека „сè е во ред“ со Алта банка, додека граѓаните не можат до своите пари