во

Временска прогноза за денеска: Дожд, ладна воздушна маса и засилен ветер – во Скопје до 15 степени

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои поради спуштање на студена воздушна маса на некои од повисоките места ќе преминуваат во дожд и снег, а на планините во снег. Во текот на ноќта се очекува силен ветер со удари над 70 километри на час.

Засилен ветер и температури до 19 степени

Во текот на денот ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h – претпладне од западен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен, повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од четврток ново влошување под влијание на циклон

Според најавите, под влијание на циклонска активност, од четврток повторно се очекуваат врнежи, придружени со натамошно опаѓање на температурите.

„Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец. Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи, а температурите ќе бидат во опаѓање.“

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сиљановска-Давкова за Денот на албанската азбука: Единството не смее да ги негира различностите, тие се трајни општествени вредности

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 НОЕМВРИ: На Близнаците им одговараат промените на работа, Девици бидете подготвени денес да запнете