во

Временска прогноза: Повремен дожд денеска, од понеделник невообичаено топло за ноември

Променливо облачно време со сончеви периоди и повремен дожд ќе преовладува денеска, но веќе од почетокот на следната недела нè очекува позначително затоплување и силен јужен ветер кој ќе донесе температури над просекот за овој период од годината.

Дождливи попладниња и утринска магла во котлините

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска нè очекува променливо време со услови за локални врнежи, особено во попладневните часови. Во утринските часови по одделни котлини има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе биде нешто поизразен.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Слична е прогнозата и за главниот град. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со можност за повремен дожд во попладневните часови и слаб до умерен југоисточен ветер. И покрај врнежите, дневните температури ќе останат релативно високи, додека утринските се движат од неколку степени над нулата до околу 10 степени.

Затоплување и силен ветер над 60 км/ч од среда

Променливото време со локални врнежи ќе се задржи и во наредните денови, но од понеделник следува постепен пораст на температурите. Метеоролозите најавуваат дека тие повторно ќе бидат значително над просекот за средината на ноември, донесувајќи невообичаено топло време.

Покрај затоплувањето, од почетокот на следната седмица се очекува и засилување на јужниот ветер. Ситуацијата ќе кулминира од среда, кога ветерот повремено ќе биде доста силен, особено во западните делови од земјава.

„Од почетокот на следната седмица јужниот ветер ќе биде умерен до засилен, а од среда повремено ќе достигнува и брзина над 60 километри на час, особено во западните делови од земјава.“

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Злато за Македонија! Нелсон Узеир го победи Србинот и стана европски шампион во Скопје!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 НОЕМВРИ: На Водолијата ѝ треба друштво, Лавот нервозира, Рибите сакаат промени, а Бикот да си угоди себеси