во ,

Граѓани во Битола измамени со телефонски повици за лажни несреќи

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во Битола, граѓани останале без над 60.000 евра

Основното јавно обвинителство во Битола, во координација со истражните служби и полицијата, откри разработена шема на измами со лажни сообраќајни несреќи, преку која во последните месеци биле измамени повеќе граѓани, најчесто повозрасни лица.

Супер Попуст -25%

Според досегашните информации, жртвите добивале телефонски повици со лажни тврдења дека нивен близок е тешко повреден во сообраќајка и дека итно се потребни пари за операција. Во другата верзија, измамниците тврделе дека близок роднина предизвикал тешка несреќа и дека пари се потребни за да се избегне затвор.

Жртвите плаќале пари, накит и вредни предмети

Исплашени и доведени во заблуда, оштетените предавале пари на рака на различни локации во Битола. Сумите се движеле од неколку десетици илјади денари до над 20.000 евра, а во некои случаи бил предаван и златен накит и други вредни предмети.

Истражителите утврдиле дека лицата кои ги подигале парите најчесто биле ангажирани преку оглас на Фејсбук, без да знаат или без целосно да ја разберат пошироката криминална шема.

Парите завршувале во Бугарија

Според сознанијата на истрагата, преземените средства потоа биле носени кај засега непознато лице во Бугарија. Во сите случаи се појавуваат и телефонски броеви од Романија, што ги поврзува настаните и отвора сомнеж за поширока организирана мрежа.

Поради тоа, Обвинителството веќе побарало меѓународна правна помош од надлежните органи во овие држави со цел да се откријат останатите сторители.

Апел до граѓаните

Истражните органи апелираат граѓаните да не наседнуваат на вакви повици и никогаш да не предаваат пари на непознати лица без претходна проверка. Посебен апел има до повозрасните граѓани, кои најчесто се цел на вакви измами.

Пораката е јасна: ако некој по телефон бара итна исплата поради наводна несреќа, случајот веднаш треба да се провери преку семејството и да се пријави во полиција.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп: Ќе видиме што ќе направи новиот лидер на Иран

Нов лет од Дубаи во вторник, Македонија продолжува со евакуации