
Во атарот помеѓу ресенските села Љубојно и Брајчино, вчера беше спасена дива мечка која несреќно завршила заробена во криволовна стапица.
Граѓанин кој минувал во близина на мостот на Брајчинска Река го алармирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) откако слушнал силно рикање.
ЦУК веднаш ги координирал службите за итни случаи, вклучувајќи ја граничната полиција од Маркова Нога, полициската станица во Ресен, локалното ловно друштво, ветеринарни служби и претставници од Националниот парк „Пелистер“.
По пристигнувањето на терен, екипите ја пронашле заробената мечка. Со помош на ветеринар, животното било безбедно успиено и ослободено од стапицата без да претрпи дополнителни повреди. Целата акција завршила успешно и без никакви ризици за луѓето и за мечката.
Центарот за управување со кризи уште еднаш апелира до граѓаните да не поставуваат криволовни стапици, бидејќи тие се опасни и законски казниви.
Исто така, ЦУК ги повикува сите граѓани кои ќе забележат вакви случаи да ги пријават на телефонскиот број 112, со цел да се заштити биодиверзитетот и безбедноста во природните подрачја на нашата земја.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







