во ,

Ел Менчо ликвидиран во воена операција во Халиско

Убиен еден од најбараните нарко-босови: Ел Менчо ликвидиран во воена операција во Мексико

Мексиканското Министерство за одбрана соопшти дека Немесио Осегуера Сервантес, познат како Ел Менчо, е убиен за време на воена операција насочена кон негово апсење. Според официјалните информации, тој бил повреден во акцијата и починал додека бил транспортиран со авион кон Мексико Сити.

Супер Попуст -25%

Осегуера (60) важеше за еден од најбараните криминалци во Мексико и САД. Вашингтон нудеше награда од 15 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење.

Лидер на CJNG и симбол на бруталност

Тој од 2011 година го предводеше Картелот на новата генерација Халиско (CJNG), транснационална криминална организација поврзана со шверц на фентанил, оружје, мигранти и перење пари. Картелот е познат по екстремно насилни методи и крвави пресметки со ривалски групи и безбедносните сили.

Во операцијата во општина Тапалпа, државата Халиско, биле убиени уште шест членови на бандата, а двајца се уапсени. Тројца војници биле повредени.

Насилни реакции и блокади низ повеќе држави

По ликвидацијата, картелот реагирал со блокади на патишта во државите Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато. Запалени биле автомобили, автобуси и камиони, а пожари избувнале и во аптеки и мали продавници.

Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта се појавија снимки од запалени возила и густ чад. Дел од меѓународните летови беа пренасочени, а училиштата во неколку региони останаа затворени. Амбасадата на САД издаде безбедносно предупредување за своите граѓани.

Американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау го оцени настанот како „голем развој“, додека мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум повика на смиреност и координација меѓу властите.

Картелот што го водеше Осегуера имал врски и во Кина и Австралија, а покрај трговијата со фентанил бил вмешан и во кражба на нафта и минерали, како и во организиран криминал на повеќе континенти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Артан Груби уапсен на Блаце по меѓународна потерница

Зеленски му возврати на Трамп со кратка и јасна порака