во

Жестока реакција од Бихаќка: СДСМ тврди дека „ЗНАМ 2.0“ служи само како дефокус за криминалите на Мицкоски

Опозициската СДСМ излезе со остра реакција до јавноста, тврдејќи дека новите напади и политички проекти под етикетата „ЗНАМ 2.0“ претставуваат координиран обид за дефокусирање на граѓаните од скандалите на премиерот Христијан Мицкоски.

Напади врз Филипче по отворањето на крупни афери

Од партијата посочуваат дека ударите врз лидерот Венко Филипче не се случајни, туку се темпирани веднаш по низата сериозни обвинувања кои опозицијата ги изнесе во јавноста во врска со владините политики и договори.

Супер Попуст -25%

Според СДСМ, дефокусот доаѓа токму во моментот кога бил разоткриен наводен план за распродажба на државните ресурси, вклучително и отворањето на рудници за експлоатација на антимон без согласност на локалното население, како и информациите дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за странско лобирање за сметка на власта.

„Прашањето е едноставно: кому му одговара дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните од криминалот на Мицкоски? Само нему. Не случајно се платени преку тендери вредни 1,6 милиони евра. СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и се борат против оваа власт“, стои во партиското соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ е во пад, ЗНАМ 2.0 нема да помине“

Од партиското седиште на Бихаќка тврдат дека рејтингот на владејачкото мнозинство бележи остар пад и дека токму затоа се прават обиди за уривање и внатрешна дестабилизација на СДСМ преку паралелни политички иницијативи.

Тие децидно порачуваат дека ваквите политички маневри нема да успеат и дека партијата останува обединета на терен заедно со своето раководство.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крмов во Брисел: Неправдата и изборната цензура врз Левица ќе влезат во официјалните извештаи на ЕУ

Науката одблизу: Скопје и уште три македонски градови пулсираат во ритамот на Европската ноќ на истражувачите